30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 корисни совети за располагање со парите

7 корисни совети за располагање со парите

За речиси 15 години работа во финансиските одделенија на компаниите како што се Blackstone и Morgan Stanley, Зак Фриедман од прва рака видел како компании можат да заработат, но и да изгубат пари. Еве некои негови совети за да извлечете најмногу од парите кои ги имате.

Финансиските изненадувања се случуваат на сите па секогаш бидете спремни за најлошото. Начинот на кој реагирате на финансиското изненадување може да биде еден од најпрофитабилните финансиски потези. Осигурајте се, заштитите ги вашите инвестиции и имајте план Б. Кога имате резервен план, и она неочекуваното се чини дека е помалку проблематично.

Кога станува збор за вашите пари, не постојат глупави прашања. Единствено глупаво прашање е тоa кое не го поставувате. Имено, ако не ја разбирате во целост вредноста на финансиските производи или услуги, не дозволувајте да се збуните. Информирајте се и имајте на ум дека сте токму најдобриот заштитник на вашите финансии, а поставувањето прашања е најпаметниот начин да се заштитите од донесување на погрешни финансиски одлуки.

Бидете внимателни кога се во прашање кредитните картички. Иако нудат бројни придобивки, може да бидат голема финансиска катастрофа ако ве доведат до долгови. Бидете сигурни дека ќе можете секој месец да ги покриете вашите долгови на картичката. Во спротивно, тие не се најдобриот избор за вас.

Никогаш не престанувај да учиш. Учењето не престанува кога ќе завршите со училиштето, најдобрите инвеститори секојдневно ги подобруваат нивните вештини. Немојте да се сметате за најдобар бидејќи секогаш постои нешто што не го знаете. Кога станува збор за финансиските совети, читањето е еден од наједноставните начини за учење и може да биде една од најдобрите инвестиции. Можете да учите и од луѓето за кои работите, со кого работите или кои работат за вас. Внимателно слушајте ги другите.

Не е важно колку пари сте имале на почетокот. Крајната точка е поважна од почетната точка. Кога станува збор за финансискиот успех, не е важно од каде доаѓате, кое училиште сте посетувале или кого го знаете. Точно, овие работи можат многу да помогнат, но не отежнуваат да стекнете финансиска слобода. Ако напорно работите, трошите одговорно, паметно вложувате и штедите за пензија, ќе бидете во добра финансиска форма. Фокусирајте се на посакуваната цел, а не на почетната точка, важна е вашата иднина, а не минатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП