30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзненадувачки заклучок: Жените немаат корист од тоа да им се жени шефици

Изненадувачки заклучок: Жените немаат корист од тоа да им се жени шефици

Истражување објавено во списанието European Sociological Review покажало како “значителен родов јаз во платите” постои и кога жените се во лидерски позиции во компаниите.

Во студијата се наведува, како жените од анализираниот примерок во просек заработуваат седум проценти помалку од нивните машки колеги, без разлика на полот или бројноста на жените на високи менаџерски позиции во компаниите.

Примерокот се состои од податоци од девет европски земји и се користени податоци за шефовите и вработените од широк спектар на сектори, вклучувајќи производство, здравство, високото образование, транспорт, финансиски услуги и телекомуникации.

“Постојат многу добри причини да веруваме како жените би можеле да имаат корист од тоа да имаат шефица, но изненадени сме од сознанието како тоа не е случај”, изјавила Маргрит Ван Хек, главен истражувач на студијата.

“Верувам дека следниот чекор е длабоко да го истражиме механизмот поради кој тоа се случува”.

Истражувачите наведуваат дека една од причините за таквите резултати е фактот дека жените на раководни позиции сеуште немаат вистинска моќ, бидејќи често се заглавени на пониски позиции наместо да напредуваат кон повисоките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП