30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДиректорот на Ford смета дека компанијата ги ''преценила'' автономните автомобили

Директорот на Ford смета дека компанијата ги ”преценила” автономните автомобили

Џим Хакет, извршен директор на Ford, оваа недела ги намали значењето проекциите кои се во врска со плановите на компанијата во однос на автономните автомобили, признавајќи дека првите возила ќе имаат ограничувања. “Го преценивме доаѓањето на автономните возила”, изјави Хакет, кој некогаш беше на чело на автономната дивизија на компанијата.

Сепак, Форд се уште планира да го лансира својот возен парк на автономни возила во 2021 година, а Хакет додава дека “неговата апликација ќе биде ограничена, она што ние го нарекуваме “geo-fenced”, затоа што проблемот е толку сложен.

Објаснувањето на Хакет доаѓа речиси шест месеци откако Генералниот директор на автономни возила, Шериф Маркаби, го претставил деталниот план за сервис на автономните автомоби во медиумскиот пост. Компанијата инвестирала повеќе од четири милијарди долари во развојот на технологијата, вклучувајќи повеќе од милијарда долари во Argo AI, компанија која е специјализирана за вештачка интелигенција и која создава систем на виртуелен возач. Ford во моментов ги тестира автономните возила во Мајами, Вашингтон и Детроит.

По неколку години и милијарди долари во инвестиции, и други компании исто така признаваат дека очекувањата поврзани за автономните автомобили се можеби превисоки. Претходно оваа недела, Uber предвиде дека неговата “флота” на автономни автомобили се уште многу ќе чека додека конечно не стигне до патиштата. Waymo започна своја такси служба на автономни возила на крајот на минатата година, но не беше отворена за јавноста ниту пак се прошири надвор од неколку “гео-оградени” области во Феникс, Аризона.

Иако Хакет веднаш ја вратил надежта за автономните возила, и јасно ставил до знаење дека верува во потенцијалот на технологијата.

“Кога овој концепт ќе го донесеме на пазарот, тоа ќе биде навистина моќно”, додаде Хакет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП