30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord: Не ги „убиваме“ автомобилите, потворно ги создаваме!

Ford: Не ги „убиваме“ автомобилите, потворно ги создаваме!

Американскиот гигант „Ford“ одамна одлучи да ги „згасне“ речиси сите свои модели и да ги замени исклучиво со возила од „SUV“ сегментот.

Ќе остане само заштитниот знак на компанијата „Mustang“, како и „Focus Active“.

Додека јавноста истакнува дека „Ford“ ги „згаснува“ автомобилите, директорот на компанијата Џим Хекет тврди дека само ја менуваат идејата за целиот концепт.

„Едноставно создаваме нов американски автомобил. Не сакаме да ги загубиме купувачите, сакаме да им го понудиме тоа што ни говорат дека им е потребно“, вели Хекет.

„Ford“ ја смирува јавноста во врска со цената и истакнува дека и натаму ќе се нудат поволни автомобили, без оглед што на пазарот на „SUV“ модели по правило тие се поскапи од компактниот сегмент.

„Не сакаме некој да помисли дека се откажуваме од нешто. Само се насочуваме кон модернизација. Од „Ford“ ќе пристигнат возбудливи нови генерации на возила“, додаде директорот на компанијата.

До 2020-та oколу 90 oтсто од автомобилите на „Ford“ ќе бидат „SUV“ и камионети. Компанијата ветува една од „најсвежите“ лини во индустрија на почетокот на новата деценија, како целосно електричен „SUV“ инспириран од „Mustang“ кој ќе се нарекува „Mach 1“, нов „Broncо“, помал теренски „SUV“ кој во јавноста моментално се потпишува само како „Baby Bronco“.

Меѓутоа, негативно ехо кое во јавноста се предизвика од максималното фокусирање на „SUV“ сегментот ги збунува раководните лица во „Ford“.

„Би сакал вестите да се малку поразлични, насловите изгледаат како „Ford“ да се повлекува. Всушност, тоа не може да биде подалеку од вистината“, рече извршниот директор и претседател на компанијата Бил Форд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП