30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро корисниците ќе дознаат кои нивни податоци ги собира „Виндоус“

Наскоро корисниците ќе дознаат кои нивни податоци ги собира „Виндоус“

По долго време, „Мајкрософт“, конечно, одлучи со конкретна надградба на „Виндоус“ да одговори на загриженоста на многу корисници во врска со безбедноста на нивните лични податоци.

Имено, компанијата веќе подолго време е под притисок на европските закони, кои ја принудуваат да биде транспарентна во врска со податоците кои ги собира од своите корисници. Дури и откако беше објавено точно кои податоци ги собра оперативниот систем „Виндоус“, сепак, Европската Унија побара од „Мајкрософт“ да оди уште еден чекор понатаму.

Токму затоа најновата надградба ќе им овозможи на корисниците да дознаат точно кои податоци излегуваат „надвор“, и тоа преку самиот оперативен систем.

Новото ажурирање на оперативниот систем најпрво ќе биде достапно за ограничен број корисници кои имаат пристап до новиот Windows Diagnostic Data Viewer. Оваа програма му дава на корисникот можност за преглед на податоците кои „Виндоус 10“ ги испраќа до серверите на „Мајкрософт“.

Меѓу ваквите податоци се и информации за надворешните и периферни уреди, конфигурацијата, податоци за перформансите, но и гледањето филмови, инсталирањето  апликации итн. Корисниците кои сакаат да имаат поголема контрола над информациите што ги испраќа нивниот систем ќе можат да ја видат содржината на „испратениот пакет“.

Новата апликација најпрво ќе биде достапна за инсајдерите на „Виндоус“. Мајкрософт планира да ја вклучи во следната голема надградба за „Виндоус 10“, која е најавена за напролет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП