Кризата во Реал Мадрид ќе мора да се надмине со солидна сума од 300 милиони евра за летни трансфери, објави „Marca“ во својата денешна водечка тема.
„Кралевите“ не направија „галактичко“ купување од 2014-та година, кога за Хамес Родригез беа дадени 80 милиони евра. Па поради тоа, тие ќе можат да го „одврзат“ ќесето, што навивачите го очекуваат во изминативе месеци.
Според официјалните податоци за 2017-та година, клубот има суфицит од 178 милиони евра, а Флорентино Перес нема друг избор освен да направи револуција на трансфер пазарот.
Меѓу најактуелните имиња кои се поврзуваат со „Сантијаго Бернабеу“ е тоа на Нејмар. Другите поврзуван се оние на Еден Азар (Челзи), Роберт Левандовски (Баерн), Хари Кејн (Тотенхем), Давид де Геа (Манчестер Јунајтед) и Алваро Одриосола (Реал Сосиедад).