Упавата на индијската компанија „Jet Airways“ денес ја одобри продажбата на 32 проценти од акциите на компанијата „Etihad Airways“ за 379 милиони долари.
Тоа се првите странски инвестиции во индијските авиопревозници од септември 2012 година, кога Индија им овозможи на странските компании да купат до 49 проценти од акциите во авиокомпаниите во таа земја.
„Etihad“ поседува удел во авиокомпаниите „Air Berlin“, „Air Seychelles“, „Virgin Australia“и „Air Lingus“, таа исто така започна соработка со српскиот „Jat Airways“ преку заедничките летови и продажбата на билетите.