Организаторите на Гренд Слем турнирот Вимблдон денеска објавија дека ќе го зголемат фондот за 40 проценти, што значи дека оваа година вкупниот фонд ќе изнесува 34.4 милиони долари.
Во однос на минатата година ова е зголемување за 9.9 милиони долари.
Како што наведуваат медиумите од Англија ова е најголемиот вкупен награден фонд во историјата на професионалниот тенис.
Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2.4 милиони долари, за разлика од минатата година каде беа наградени со по 1.75 милиони долари.
Исто така организаторите го открија планот за изградба на подвижен покрив и над теренот број еден, покрај веќе постоечкиот на централниот терен.