30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја добиете работата - совет од човек кој вработува 100...

Како да ја добиете работата – совет од човек кој вработува 100 луѓе неделно

feature_article_photo

Google секоја недела вработува 100 нови луѓе, а Ласло Бок како потпретседател на човекови ресурси во компанијата е задолжен за донесување на одлука кој е, а кој не е Google материјал.

Во интервјуто за The New York Times тој даде еден од најдобрите совети како да се претставите себе си на идниот работодавец.

Според неговите зборови, вашата цел на разговорот за работа е да се претставите себе си преку специфична вештина и особини и да и покажете на компанијата на кој начин тие ќе имаат корист од нив. Раскажете приказни од своите претходни искуства, не е доволно само да ги наброите фактите. Доколку на претходните работни места сте вовеле некои новини, покрај тоа што ќе кажете што и како сте направиле, објаснете и зошто.

„Многу луѓе на разговорот за работа не ги изразуваат на најдобар начин своите мисли кога треба да објаснат како и зошто нешто направиле, дури и кога имаат добра приказна, не знаат да го објаснат својот процес на мислење“, вели Бок.

Уште еден од значајните совети кој се однесува на пишувањето на CV или мотивационото писмо. Бок вели дека кога зборувате за себе, вештините треба да ги нагласите со споредба на себе и со другите во вашата индустрија. Неговата формула за ова гласи: „Постигнав Х, што е важно за Y, работејќи го Z“ или „Постигнав успех во финансискиот сектор, што е важно за компанијата во која работев и нејзината профитабилност, работеќи на нова програма за скратување на непотребните трошоци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП