18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Евротунел сака Британија што поскоро да излезе од ЕУ

Компанијата Евротунел сака Британија што поскоро да излезе од ЕУ

evro tunel 33

Директорот на компанијата Евротунел, која раководи со тунелот помеѓу Франција и Велика Британија, Жак Гудон, изјави дека излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ е доста веројатно и дека неговата компанија „би имала голема корист од тоа“.

„Предвидувам дека резултатот од британскиот референдум ќе биде против Европа“, изјавил Гудон за германските медиуми. Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека до крајот на 2017-та година ќе организира референдум на кој граѓаните ќе одлучат за тоа дали Велика Британија треба да остане членка на Европската унија.

Гудон рекол дека повеќето компании и оператори на тунелот под Ламанш се за останувањето на земјата во ЕУ, но додал дека постојат области од британската економија кои би имале корист од излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Наведувајќи дека тој лично не се залага за излегувањето на Британија од ЕУ, Гудон рекол дека Евротунел би имал корист на финансиски план, бидејќи голем број германски банкари би патувале да работат во Лондон, со што компанијата би имала повеќе патници.

Според него, Франкфурт како финансиска престолнина на Германија би стана позначајна за Сити, бизнис квартот на Лондон, што би предизвикало повеќе патувања на финансиските претставници на двата града. Гудон исто така додал дека Brexit, односно напуштањето на Британија на Унијата, би влијаело и на воздушниот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП