19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE ќе се подели на две

RWE ќе се подели на две

rwe 22

По „E.on“ сега и вториот по големина германски снабдувач на енергија „RWE“ започна со радикално преструктуирање. Бордот на директори донел одлука бизнис единиците „Обновливите извори на енергија“, „Вмрежување“ и „Дистрибуција“ да бидат одделени во нова сестринска компанија, изјави од седиште на концернот во Есен.

Плановите треба да бидат одобрени од Надзорниот одбор. Тој ќе се состане кон крајот на следната недела. Освен тоа концернот има намера да предложи на берзата 10 проценти од својата нова сестринска фирма преку зголемување на капиталот.

Во исто време или подоцна може да бидат продадени и други делови од новата компанија. Со поделбата на бизнисот, „RWE“ создава нови можности за финансирање и раст, појаснуваат од Одборот. Конвенционалните бизниси (нуклеарната и јаглен енергетика) останува во структурата на „RWE“.

„Реструктуирањето е нашиот одговор на промените во европскиот енергетски пејзаж. Ние создаваме две компании со иднина под еден покрив. Новата подружница со сопствен пристап до пазарот на капитал ќе ги засили изгледите за раст“, вели претседателот на Бордот на директори Петер Териум.

По објавувањето на веста курсот на акциите на „RWE“ забележа раст. Во раните попладневни часови акцијата поскапе за 5,3 проценти или на 11,47 евра.

Уште пред една година ривалот „E.on“ одлучи да се раздели. Во иднина тој ќе се концентрира повеќе над обновливите извори и дистрибуција. За таа цел компанијата мајка на „E.on“ го пресели своето седиште од Дизелдорф во Есен. Освен тоа ќе биде формирана нова компанија „Uniper“, која ќе се занимава со централи на гас и јаглен. „Uniper“ треба да излезе на берзата во есента 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП