11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриватниот капитал на пазарот се очекува да привлече 629 милијарди долари во...

Приватниот капитал на пазарот се очекува да привлече 629 милијарди долари во 2015-тa

investmen tt

Фондовите за учество привлекоа 364 милијарди долари во првите три квартали од годината, додека збирот е на пат да достигне 468 милијарди долари до крајот на годината, највисокиот годишен обем на традиционалните фондови од 2008-ма година, покажуваат податоците на инвестициската консултантска куќа „Triago“, цитирани од „New York Times“.

Износот вовлечен во посебна категорија, нарекуван од „Triago“ како „сивиот капитал“ или несакани зделки кои инвеститорите ги постигнуваат преку средства за ко-инвестирање или директно инвестирање, исто така, е извонреден. Од почетокот на годината досега 121 милијарди долари од инвеститициските фондови биле издвоени за ко-инвестиции, директни инвестиции или индивидуални сметки, а активноста е на пат да оствари 161 милијарди долари до крајот на годината.

Обединувајќи ги инвестициите во традиционални фондови со тајниот капитал, оваа година пазарот на приватниот капитал ќе привлече рекордни 629 милијарди долари, вели Triago.

Што е причината за прибирање на овие средства? Инвеститорите имаат пари, кои можат повторно да се користат, откако ќе им се плати за претходните приватни капитални инвестиции. Нето готовината или повратниците кај инвеститорите во првите девет месеци од оваа година, изнесуваат 138 милијарди долари, вели „Triago“, која се приближува до годишниот рекорд за 2014-та година од 156 милијарди долари.

Друга причина е и извесното одложување на ветени, но се уште неинвестирани пари. Оваа сума се зголемила за 23% до 1,3 илјади милијарди долари од почетокот на 2015-та година, па досега, бидејќи фондовите за учество ги одлагаат превземањата, но парите на инвеститорите за нив продолжуваат да течат.

Средствата, привлечени како „сив капитал“, продолжуваат да се зголемуваат во последните неколку години. Иако сумата од „сивиот капитал“ во 2008-ма година е само 11% од сите привлечени средства, нејзиниот удел расте до 16% во 2012-та година, до 23% во минатата година, а во 2015-та година најверојатно ќе достигне до 26%.

Ко-инвестирањето, при што се инвестираат пари заедно со акции и директни инвестиции, кои ги заобиколуваат посредниците како целина, формираат 60% од тајниот капитал.

Трендот кон ко-инвестирање забележа раст во последно време, но расте значително во изминатата година, покажуваат податоците на „Preqin“. Околу половина од 222 приватни капитални инвеститори анкетирани неодамна од „Preqin“, велат дека активно бараат зделки за ко-инвестирање, а многу од нив сакаат да се зголеми изложувањето во иднина. Околу 69% од средствата за учество кои се нудат занимаваат со ко-инвестирање, а други 18% размислуваат да го направат истото.

Директни инвестиции стануваат сè попопуларени меѓу богатите семејства кои управуваат со свои инвестициски компании.

Минатата година околу 77% од семејствата со просечно нето богатство од 1 милијарда долари претпочитаат да вложат пари во директни инвестиции и трансакции, наместо во фондови за удели, покажа истражувањето на „McNally Capital“, компанија во Чикаго, која прави инвестиции од името на фамилиите.

Инвеститорите кои вложуваат пари во фондови за удели и сега доживуваат грижа на совеста како купувачи, ги продаваат своите акции на растечкиот секундарен пазар, кој е на пат да постигне рекордни 40 милијарди доларот во однос на 36 милијарди долари од минатата година, вели уште „Triago“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП