18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Phaeton е колатерална жртва на VW дизел-скандалот

Новиот Phaeton е колатерална жртва на VW дизел-скандалот

phaeton 333

Новата генерација на луксузната лимузина на „Volkswagen“ сепак ќе биде одложена затоа што германскиот производител е принуден да го намали нивото на инвестиции поради аферата со емисијата на штетни гасови кај дизел моторите.

Иако уште во октомври од „Volkswagen“ тврдеа дека работата на новиот „Phaeton“ се одвива без проблеми, како и дека е во план електрична верзија на овој автомобил, случувањата во врска со лажирањето на податоците за издувните гасови на моделите на групацијата „VW“ влијаеа за промена на планот.

Веста доаѓа како изненадување, со оглед дека првиот човек на „Volkswagen“ истакна дека „Phaeton“ е неопходен поради експанзијата на азискиот пазар.

Германскиот автомобилски гигант претходно најави дека ќе се откаже или ќе ги откаже сите проекти „кои не се неопходни во овој момент“, со цел да се пренасочат средства за санирање на штетата настаната од дизел-скандалот, но „Phaeton“ не беше на таа листа.

Тешко е да се процени кога „Volkswagen“ ќе ја претстави втората генерација од својата луксузна лимузина, но тоа најверојатно нема да се случи пред крајот на оваа деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП