7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДве раце ореви дневно за силно срце

Две раце ореви дневно за силно срце

1197363441564ee2423ef54346821956_v4 big

Само две раце ореви дневно можат да ви помогнат во превенцијата на срцевите болести, покажуваат новите истражувања.

Оревите го намалуваат вкупниот холестерол и така ја намалуваат можноста за срцев удар. Овие плодови содржат неколку видови важни нутриенти како незаситени масти, протеини, витамини и минерали, велат истражувачите.

Д-р. Мајк Фалк од институтот Life Sciences со колегите спроведе детален преглед и мета-анализа на 61 контролирана студија за делотворноста на оревите.

Резултатот покажува дека тие го намалуваат лошиот холестерол и ApoB, примарен протеин кој се наоѓа во тој холестерол.

Д-р. Фалк вели дека дневно би требало да внесуваме барем два раце ореви, за максимален ефект.

Освен тоа, резултатите покажаа дека оревите најдобро делуваат на намалувањето на ризикот од срцеви болести кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2.

Оревите, инаку, содржат алфа-линоленска киселина, односно билната верзија на омега 3 масните киселини, а богати се и со влакна и протеини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП