8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Отпорноста на бактериите на антибиотиците сите нé загрозува

СЗО: Отпорноста на бактериите на антибиотиците сите нé загрозува

antibiotici

Сé поголемата отпорност на антибиотиците претставува „извонредно голема опасност за глобалното здравје во светот“, предупреди извршната директорка на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Маргарет Чан, која изнесувајќи ги резултатите од првата анкета спроведена меѓу населението во 12 земји за овој проблем.

Отпорноста на антибиотиците достигнала „извонредно опасно ниво во сите делови на светот“, предупреди директорката на СЗО, додавајќи дека секој во одреден момент во некој дел од светот може да биде заразен со бактерија отпорна на познатите лекови.

Резистентноста на антибиотиците или антибиорезистенцијата се развива кога одредена бактерија мутира и станува во толкава мерка тврдокорна, односно отпорна на сите антибиотици кои се користат во лекувањето на некоја зараза, што ниеден од нив не успева ефикасно да ја реши, се наведува во појаснувањето на СЗО.

Таквиот тренд е поврзан со премногу честото земање антибиотици или нивното погрешно употребување. Но речиси половината од испитаниците во анкетата спроведена во 12 земји, поточно 44 отсто од нив, погрешно верува дека отпорноста на антибиотиците се развиваат само кај лица кои ги злоупотребуваат земањата тие видови лекови. Две третини од испитаниците сметаат дека пациентите кои антибиотиците ги земаат исклучиво која им ги препишува лекар, не се во никаква опасност од споменатите видови зараза.

„Кој и да е, во кој и да е момент во која и да е земја може да се зарази со бактерија отпорна на антибиотици“, се истакнува во соопштението на СЗО кој од 16-ти до 22-ри ноември ја одржува првата „Светска недела на правилно користење на антибиотиците“.

Во април годинава СЗО изрази жалење поради тоа што здравствените служби во светото не прават доволно кога станува збор за употребата на антибиотиците, што оди во прилог на сé поголемата отпорноста на нив, па дури резултира и со смртни исходи дури и во случаи кога станува збор за блести кои вообичаено релативно лесно се лекуваат.

„Еден од најголемите здравствени предизвици на XXI век ќе има глобални промени во однесувањето и ставовите на поединците и општествата“, кога станува збор за овој проблем, вели др Кеиџи Фукуда, специјалната претставничка на главната директорка на СЗО за антимикробска отпорност.

За да биде постигнато тоа, СЗО има намера да ги едуцира поединците и општеството, да им претстави точни информации и да ги поттикнува на промена на размислувањата за ова прашање.

Анкетата на СЗО покажала и дека три четвртини од испитаниците веруваат дека отпорноста на антибиотиците се развива кога на нив отпорен ќе стане организмот, но организацијата предупредува дека на антибиотиците стануваат отпорни бактериите, а не човековите суштества или животни. Нивното ширење, коешто сé почесто бега од контрола, причина за инфекции коишто тешко се лекуваат.

За да се стави крај на оваа појава, СЗО препорачува земање антибиотици исклучиво кога ќе ги препише лекар, сугерира пропишаната терапија лекови да се потроши до крајот, без разлика на тоа дали настапило здравствено подобрување во лекувањето, пациентите никога да не ги земаат антибиотиците преостанати од претходните лекувања, како и дека овој вид лекови никогаш самоиницијативно да се споделува со други лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП