8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦентрална кооперативна банка АД Скопје ги објави резултатите за последниот квартал

Централна кооперативна банка АД Скопје ги објави резултатите за последниот квартал

114633AMWednesday,April23,2014ckb logo

Финансискиот резултат остварен во третото тримесечје е под влијание на донесените одлуки за промена на каматните стапки на почетокот од оваа година, кои имаа цел да ги подобрат девизната и севкупната финансиска позиција на Банката. Со овие одлуки направен е обид да се задржат висококонкурентните каматни стапки за девизното штедење кај населението. Овие одлуки, заедно со донесените одлуки од доменот на кредитирањето на малите и средни бизниси имаа за цел подобрување на пазарната позиција на Банката.

Зголемената кредитна активност и континуираното намалување на активните каматни стапки, како и намалувањето на каматните стапки на безризичните пласмани, доведоа до незначително намалување на приходите од камати за 1.67% во однос на претходната година. Конкурентните пасивни камати доведоа до пораст на расходите за камати за 4.34% што се одрази како пад на нето-каматниот приход за 4.80% во однос на истиот период минатата година.

Кредитната активност и севкупно зголемениот обем на работа во платниот промет во земјата и во странство доведоа до пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување во однос на третото тримесечје од претходната 2014 година за 22.41%.

Во текот на второто и на третото тримесечје, Банката изврши продажби на повеќе преземени средства, при што оствари значителна капитална добивка. Ефектите од овие настани се одразени во позицијата Останати приходи од дејноста и таа, во однос на претходната година, бележи раст за 56.59%.

Во 2015 година, продолжи натамошното ширење на деловната мрежа (нова експозитура во Прилеп) и реструктуирање и реорганизација на службите во Банката, а со цел подобрување на услугите и на севкупната ефикасност на Банката. Тоа придонесе до незначителен пораст на трошоците за вработени за 3.35% во однос на истиот период минатата година.

Банката во текот на 2015 година интензивно и континуирано работи на подобрување на својата оперативна ефикасност и намалување на трошоците при зголемен обем на работа. Во третото тримесечје на 2015 година, Банката продолжи да ги намалува трошоците со што позицијата останати расходи од дејноста бележи намалување од 7.70% споредено со истиот период минатата година.
Согласно со Одлука за сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања, евидентирана е загуба поради оштетување на преземени средства во износ од 21,143 илјади денари што е за 4.01% пониско оштетување во однос на претходната година.

Во споменатиот период Банката издвои резервации во висина од 10,523 илјади денари, кои се за 52.27% повисоки во однос на претходната година, што укажува дека, и покрај висока претпазливост при преземање на кредитниот ризик, Банката, сепак, во третото тримесечје се соочува со тешкотии при наплата на одредени кредитни побарувања.

Големо отстапување во Билансот на успех се јавува и на позицијата нето-приходи од курсни разлики, каде се остварени за 38.05% помалку приходи во однос на истиот период минатата година. Оваа разлика се должи на ненадејниот висок раст на цената на швајцарскиот франк во првото тримесечје.

Генерално, одредени индикатори во 2015 година укажуваат на подобрено работење на Банката што доведе и до остварување на подобар финансиски резултат во однос на истиот период минатата година за 23.42%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП