11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry закрепнува по долгиот период на слаба продажба

Burberry закрепнува по долгиот период на слаба продажба

burberryhftgtgtgtgtgffgt

Британската луксузна модна куќа „Burberry“ од почетокот на третиот квартал од фискалната година (октомври-декември) ја подобри продажбата по долгиот период на слаби активности, на што влијаеше забавувањето на побарувачката во Кина и Хонгконг.

Во првата половина од фискалната 2015-2016 година, завршена на крајот на септември, „Burberry“ забележа бруто профит од 153 милиони фунти (217 милиони евра) со растот од 3,0 проценти на годишно ниво, благодарение на намалувањето на трошоците, додека финансиските експерти во просек предвидуваа профит од 147 милиони фунти. Истовремено, приходите изнесуваа стабилни 1,11 милијарди фунти.

Генералниот директор на оваа групација, Кристофер Бејли, изјави дека е оптимист за тековниот квартал, особено за периодот на новогодишните празници, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека продажбата во Хонгконг е подобрена во првите шест недели од тековниот квартал, иако ситуацијата е многу тешка, како и дека продажбата на кинескиот пазар повторно е во пораст.

Што се однесува на американскиот пазар, и понатака е нестабилно и со самото тоа неблагодарно е за прогноза, изјави Бејли.

За втората половина од фискалната година (окотмври 2015-март 2016)„Burberry“ смета на раст на вкупните приходи за околу 5,0 проценти, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП