18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА со позитивни резултати заклучно со третиот квартал од годината

ОКТА со позитивни резултати заклучно со третиот квартал од годината

ol

ОКТА оствари позитивни резултати, пред сé поради зголемениот пазарен удел и покрај нестабилното опкружување во Балканскиот регион и надолните трендови на глобалниот пазар на нафта, кои доведоа до намалување на меѓународните маржи.

Компанијата три последователни квартали оствари пораст на оперативниот профит, најмногу поради дополнително зголемениот обем на продажба на домашниот како и на странскиот пазар, како и поради ниските оперативни трошоци.

Приспособената ЕБИТДА која ја одразува оперативната профитабилност достигна 181 милион денари за третиот квартал на 2015 година наспроти 103 милиони денари за истиот период минатата година.

Слично, профитот пред оданочување во третиот квартал достигна 36 милиони денари, остварувајќи финансиски резултат од 154 милиони денари заклучно со 30.09.2015 година, за разлика од минатогодишната загуба од 340 милиони денари, која беше оптоварена со програмата за доброволно пензионирање во износ од 228 милиони денари.

Паричниот тек од оперативни активности беше под влијание на зголемените цикличните потреби од работниот капитал, додека ликвидноста се задржа на високо ниво така што достапната готовина ги надмина позајмиците за 111 милиони денари.

ok

 

За време на овој квартал, компанијата не само што ја продолжи својата програма за капитални инвестиции, усовршување на инсталациите и достигнување на најновите стандарди за заштита на животната средина, но исто така успеа да се стекне со сертификат за интегриран менаџмент систем по стандардите EN ISO 9001:2008, EN ISO 14001:2004; OHSAS 18001:2007, како и да ја комплетира првата Seveso студија во земјата.

Компанијата успешно изведе масовна противпожарна вежба со вклучување на интерни и надворешни ресурси како Скопскиот аеродром, Противпожарната бригада од градот Куманово, Директоратот за заштита и спасување и други. Во програмата за Корпоративна општествена одговорност на компанијата остварени се значајни достигнувања.

Придонесот на ОКТА во кампањата Шанса за живот беше награден со признание како една од најдобрите општествено-одговорни активности во земјата. Со започнувањето на Програмата Гаранција, ОКТА уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност кон своите купувачи преку обезбедување на заштита и сигурност за секој литар гориво купен на бензинските станици со бренд ОКТА.

Целта на менаџментот останува да ја зацврстува позицијата на ОКТА, дополнително да ги зајакне бенефитите на финалните потрошувачи и да придонесе на најразлични начини за добросостојбата на општеството. ОКТА и понатаму цели кон зголемувањето на пазарниот удел на пазарите на кои тргува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП