3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Пелистерка“ ја доби наградата 13 Ноември за вложување во спортот

„Пелистерка“ ја доби наградата 13 Ноември за вложување во спортот

tanja pandeleska

Компанијата „Пелистерка“ е еден од годинашните добитници на наградата 13 Ноември што традиционално секоја година ја доделува Сојузот на спортови на Скопје по повод Денот на ослободувањето на градот.

Оваа награда се доделува уште од 1970-та година на поединци, организации и компании за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот во главниот град. Според образложението на управниот одбор на доделувачот, „Пелистерка“ годинава ја доби наградата поради тоа што континуирано ги спонзорира и ги поддржува програмите на Сојузот на спортови на Скопје.

tanja pandeleska1

Наградата денеска и беше врачена на маркетинг директорката на „Пелистерка“, Тања Панделеска на свечена седница.

„Спортските активности се еден од клучните фактори за создавање здрави и среќни луѓе, поколенија и семејства. Ние тоа го препознаваме и затоа со задоволство помагаме низа спортски клубови, федерации и здруженија. Нашата замисла и стратегија е долгорочно вложување и поддршка на македонските спортисти со цел да им помогнеме во остварувањето на што е можно подобри резултати на домашен и меѓународен план“, изјави Панделеска.

dobitnici

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП