30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlpha Bank ќе се обиде да собере до 1,66 милијарди eвра преку...

Alpha Bank ќе се обиде да собере до 1,66 милијарди eвра преку продажба на акции

apha banka 333

Четвртата по големина грчка банка „Alpha Bank“ ќе се обиде да собере до 1,66 милијарди евра преку продажба на акции меѓу меѓународните инвеститори, пишува „Ројтерс“. Процесот се очекува да заврши до 16-ти ноември.

„Alpha Bank“ е една од четирите системски важни банки во Грција, која доживува капитален недостиг. Тој беше отворен по извршените „стрес тестови“ од страна на Европската централна банка.

На трезорот му недостигаат 2,74 милијарди евра при проверката на ЕЦБ според нејзиното најпесимистичко сценарио и 263 милиони евра при основното сценарио. Збирот на најоптимистичкото сценарио е најмало меѓу останатите грчки банки.

Намерата на „Alpha Bank“ доаѓа една недела откако втората по големина банка -„Piraeus“ објави дека ќе издаде нови акции до 4,9 милијарди евра за да се пополни недостигот на капитал, кој ЕЦБ го откри. Тој е во износ од 4,93 милијарди евра кај попесимистичкото сценарио.

Освен тоа „Piraeus“ ќе издаде конвертабилни хартии од вредност во обем до 2,04 милијарди евра и свика вонредно генерално собрание на акционерите за 15-ти ноември, кое треба да ги одобри плановите.

„Alpha Bank“ во деветте месеци од 2015-та година забележа загуба во износ од 838,4 милиони евра при добивка од 129,3 милиони евра за истиот период од минатата година. Негативниот финансиски резултат се должи на трошоците за оштетување. На крајот на извештајниот период процентот на нефункционални кредити се искачи на 36,5% од 33,8% во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП