6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФондот на Бафет со рекордна добивка

Фондот на Бафет со рекордна добивка

Berkshire-Hathaway-Inc.

Профитот на фондот предводен од Ворен Бафет е зголемен за два пати или до рекордно ниво во неговата историја.

Во голема мера тоа е придобивка од купувањето на „Kraft Heinz“. Профитот на „Berkshire Hathaway Inc“ се зголемил до 9.43 милијарди долари, или 5.737 долари по акција од класа „А“, наспроти 4.72 милијарди долари, или 2.876 долари по акција.

Оперативната добивка сепак се намалила за 4%, до 4.55 милијарди долари, или 2.769 долари по акција. Просечните очекувања на аналитичарите беа за профит од 2.720 долари по акција.

Меѓу бизнисите на холдингот најголем пад во профитот – од 34%, е забележан во осигурителниот – до 414 милиони долари.

„Генерално гледано доста добар оперативен профит. Нема ништо чудно во резултатите со оглед на слабоста регистрирана во осигурителниот бизнис“, според Џеф Метјуз, управен директор во „Ram Partners LP“.

Во портфолиото на „Berkshire“ има околу 90 бизниси, меѓу кои се компанијата за реосигурување „General Re“, хемиската „Lubrizol“, компанијата за производство на приватни авиони „NetJets“ и производителот на слодолед „Dairy Queen“.

Бафет управува со Фондот од 1965-та година, па наваму. Во добивката на фондот се рефлектира зголемувањето од еднократните приходи поврзани со купувањето на производителот на кечап „Kraft Heinz“ во износ од 6,8 милијарди долари, или 4,4 милијарди по даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП