2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОнлајн игрите помагаат кај менталните способности на повозрасните од 50-ка

Онлајн игрите помагаат кај менталните способности на повозрасните од 50-ка

older_man_looking_at_laptop_lrg

Играњето онлајн игри кои ја вежбаат способноста за паметење и расудување е полезна за лица повозрасни од 50 години, покажа истражувањето чии резултати се објавени во списанието Journal of Post-acute and Long Term Care Medicine.

Научниците од лондонскиот King’s College утврдиле дека менталните вежби го одржуваат мозокот кај постарите лица остар и им помагаат на луѓето во секојдневните задачи, како што се купувањето или готвењето.

Речиси седум илјади лица повозрасни од 50 години учествувале во шестмесечното истражување и никој од нив немал проблеми со паметењето или расудувањето на почетокот од истражувањето. Дел од испитаниците бил поттикнува да игра онлајн игри кои го вежбаат мозокот по десет минути, колку пати да сакале во текот на денот, Другите добиле задача да вршат едноставно пребарување на интернет.

Научниците ги тестирале менталните способности на испитаниците на почетокот од истражувањето, по три месеца и по шест месеци, за да утврдат дали постојат видливи разлики меѓу групите. Откриле, по шест месеци, дека оние коишто го вежбале мозокот со онлајн игри имале подобри ментални способности во однос на оние кои не играле. Ползата била забележлива дури и кај оние кои барем пет минути неделно играле игри.

Во групата над 60 години, лицата кои играле онлајн игри подобро ги извршувале секојдневните обврски. Се наведува и дека претходните истражувања покажале дека играњето на ваквите игри нема влијание врз јакнењето на менталните способности кај помладите од 50 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП