2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell се подготвува да продаде несуштински средства за 10 милијарди долари?

Dell се подготвува да продаде несуштински средства за 10 милијарди долари?

dell emc 003

„Dell“ се подготвува да ги продаде своите несуштински средства за околу 10 милијарди долари, поврзани со софтвер и услуги за да го намали товарот од тешкиот долг, кој ќе го земе да ја купи компанијата „EMC Corp.“, пренесува „Ројтерс“.

„Dell“, која ќе преземе 49,5 милијарди долари долг, штом спојувањето ќе биде завршено, го разгледува планот со кредитните агенции во последните неколку дена, дополнуваат изворите.

Средствата кои „Dell“ може да ги продаде се „Quest Software“, компанија која помага за управување со информатичката технологија и беше купена за 2,4 милијарди долари во 2012-та година, „SonicWall“, која е снабдувач на услуги за енкрипција на пораки и безбедност на податоците, „AppAssure“ за чување на податоци, како и добавувачот на информатичка технологија „Perot Systems“, кој беше купен за 3,9 милијарди долари во 2009-та година.

Продажбата нема да ги вклучува хардвер средствата, како и серверите кои се од клучно значење за стремежот на компанијата да доминира на пазарот преку спојувањето со „EMC“, како и да се натпреварува поефикасно со компании како „Cisco Systems“ и „International Business Machines“. Портпаролот на „Dell“ одбива да коментира на оваа тема.

Минатиот месец „Dell“ најави дека ќе се здобијат со компанијата за чување на податоци „EMC“ за 67 милијарди долари. Овој потег ќе го трансформира третиот производител на компјутери во светот, во лидер во складирањето на корпоративните податоци и ќе го насочи својот бизнис далеку од застојот на пазарот на персонални компјутери.

Договорот се очекува да биде завршен помеѓу мај и октомври 2016-та година. Од „Dell“ изјавија дека комбинираната компанија ќе се фокусира на намалување на долгот во текот на првите 18 до 24 месеци по спојувањето, за да постигне кредитен рејтинг од инвестициското одделение.

„Dell“ и нејзините акционери, вклучувајќи го и основачот Мајкл Дел, и компанијата за акционерски инвестирања „Silver Lake Partners“, придонесуваат со 4,25 милијарди долари капитал за зделката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП