3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаздата на Ikea по 40 години плати данок во Шведска

Газдата на Ikea по 40 години плати данок во Шведска

ikea gazda

Основачот на компанијата за производство на мебел „Ikea“, Ингвар Кампрад, прв пат по пауза од над 40 години, плати данок во родната Шведска.

Државата на Кампрат му наплатила данок за 2014-та година од шест милиони круни (640.000 евра).

Најбогатиот Европеец, Ингвар Кампрад, по четири децении доброволен егзил, се врати во татковината, којашто ја напушти за да ги избегне високите даноци.

Кампрад (89) откако ја напушти Шведска во 1973-та година, прво живееше во Данаска, а потоа во Швајцарија.

Осумнаесет месеци по смртта на неговата сопруга Маргарета, во 2011-та година, одлучи да се врати во татковината.

Според шведските медиуми, Кампрад пријавил приход од 17,7 милиони круни (близу два милиони евра), од што 1,2 милиони круни на име годишен приход од работа, а 16,5 милиони круни на име приходи од капитал.

Проценетото богатство на семејството Кампард изнесува околу 40 милијарди евра, а богатството на Инград се проценува меѓу три и четири милијарди евра.

„Ikea“ поседува 338 стоковни куќи во 41 држава ширум светот и вработува 154.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП