2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord повлекува 129.000 возила СУВ

Ford повлекува 129.000 возила СУВ

ford-vozila

Автомобилската компанија Ford ќе повлече 129.000 илјади спортски теренски возила од средна големина во одредени делови на САД, поради проблеми со истекување на гориво.

Станува збор за моделите “ford edge i “lincoln MKX”,произведени во 2009 и 2010 година.

Во подрачјата кадешто во текот на зимата се користи сол за чистење на патиштата, може да дојде до зарѓување на резервоарот за гориво под зајакнатите носачи кои го држат прицврстени за возилото. На тој начин може да дојде до пукнатини кои може да предизвикаат пожар.

Сепак, Ford соопшти дека до сега нема ниту еден случај предизвикан од овој проблем.

Дистрибутерите ќе ги испитаат резервоарите за гориво и доколку има потреба ќе ги поправат или заменат, без никакви трошоци за клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП