4 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗОва е новото MINI Cabrio (фото)

Ова е новото MINI Cabrio (фото)

cabmini

Целосно нова генерација на „MINI Cabrio“ претстави култната британска марка, која е дел од „BMW Group“. Автомобилот е изграден на нова платформа, нуди практична кабина и нова палета на бензински и дизел мотори.

cabmini 1

Димензиите на новото „MINI Cabrio“ структурирано според платформата „UKL“, се зголемени во споредба со претходниот модел за 98 мм во должина, за 44 мм во ширина и за 7 мм во висина. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 28 мм, а тоа влијаеше поволно на просторот во кабината и на багажникот, чиј обем веќе достигнува 215 литри со затворен покрив и 160 литри со отворен, или за 25% повеќе од порано.

cabmini 2

Редизајниран е и покривот, кој е мек и може да биде отворен или затворен за само 18 секунди при брзина до 30 км/час.

Во однос на погонот, новиот модел нуди богата гама на бензински и дизел агрегати. При воведувањето на пазарот „MINI Cabrio“ ќе може да се опреми со 1,5-литарски трицилиндарски бензински мотор со 136 КС, како и со моќниот четирицилиндарски бензински мотор со 192 КС и волумен од 2,0 литри. Дизелот „MINI Cooper D Cabrio“ исто така користи трицилиндарски мотор, а моќноста му е 116 КС.

cabmini 3

Верзијата со 136 КС и 220 Нм има просечна потрошувачка на гориво од 5 л/100 км, а забрзува од место до 100 км/час за 8,8 секунди (со автоматски менувач: 8,7 секунди). Кај „MINI Cooper S Cabrio“ забрзувањето трае 7,2 секунди (автоматски менувач: 7,1 секунди), а потрошувачката е во рамките на 6 л/100 км, покажува информацијата. Најекономичен е дизел модел во кој потрошувачката е под 4 л/100 км, но забрзувањето до „стотка“ трае 9,9 секунди.

cabmini 4

Во подоцнежна фаза во палетата ќе бидат додадени уште мотори – 1,2-литарски со 101 КС за верзијата „One“, 2,0-литарски дизел со 168 КС за верзијата „Cooper SD“, како и 2.0-литарски бензински со 228 КС за максималната модификација „John Cooper Works“ (JCW).

cabmini 5

Сериски сите понудени мотори за новиот „MINI Cabrio“ се комбинираат со новиот шестбрзински мануелен менувач, а како опција се нуди шестбрзински менувач „Steptronic“. Исто така е достапен и шестбрзински менувач „Steptronic Sport“, која префрла побрзо и ја има функција „Launch Control“ за оптимизирано забрзување од место. Кај возилата опремени со систем за навигација, управувањето на преносот се прилагодува на профилот на трасата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар