3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастот на доларот ги притисна приходите на Coca-Cola

Растот на доларот ги притисна приходите на Coca-Cola

coca cola 3003

Американскиот гигант во индустријата за безалокохолни пијалоци Coca-Cola извести дека во нето завршениот трет квартал забележа помали приходи на годишно ниво поради силниот долар кој ги притисна приходи од странските пазари.

Нето оперативните приходи во наведениот период се намалени за речиси пет отсто во споредба со истиот период од минатата година, на 11,43 милијарди долари.

Аналитичарите од анкетата на Reuters во просек предвидуваа 11,54 милијарди долари.

Меѓу главните причини за послабите приходи се издвојува силниот долар, кој во изминатата година зајакна за околу 12 отсто кон кошничката на најзначајни светски валути.

Во тековниот квартал двоцифрен пад на приходите е забележан на азиско-пацифичкиот пазар, за 11 отсто, и на латино-американскиот, за 14 отсто. Следи Европа со пад на приходите од седум отсто, покажува финансискиот извештај.

На северно-американскиот, кој е најголем пазар на Coca-Cola,  приходите на годишно ниво се зголемени за еден отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП