18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ10 години Рамстор Мол: инвестиции, раст и вредни проекти ја означуваат децениската...

10 години Рамстор Мол: инвестиции, раст и вредни проекти ја означуваат децениската работа

ccc

Денес (21.10.2015) на пладне преку официјална прес конференција се одбележа  една деценија од постоењето на Рамстор Мол Во Македонија. Овој повод, трговскиот го означува преку три големи проекта: 1) комплетирање на реновирањето на трговскиот – проект вреден 2.5 милиони евра, 2) ребрендирање односно менување на визуелниот изглед на логото на Рамстор и 3) голема наградна игра ,,Од срце Audi Q3,, која ќе трае вкупно два месеци.

На настанот, кој се оддржа во Рамстор Мол, присуствуваа голем број медиуми, бизнис соработници и потрошувачи. Во официјалниот дел на одбележувањето на 10 годишнината се обратија: Генерален Директор на Рамстор,- Ајхан Узун, Почесен конзул на Република Турција во Македонија – Ајдоган Адемовски и Заменик амбасадорот на Република Турција  – Синан Ертау.

caa

Прес конференцијата ја отвори Генералниот Директор на Рамстор Мол – Ајхан Узун кој потенцираше дека 10 годишната успешна работа, Рамстор Мол ја мери во милиони трансакции, илјадници задоволни закупци и безброј лојални купувачи. Тој истакна дека новиот бренд идентитет на Рамстор го означува новиот персонализиран пристап на трговскиот центар кон своите потрошувачи.

cbb

Почесниот конзул на Република Турција во Македонија – Ајдоган Адемовски се обрати на присутните и искажувајќи чест што е дел од овој настан. Тој ја честиташе  10 годинишнината на Рамстор Мол истакнувајќи го големиот број на работни места и бизнис процеси кои се одвиваат во овој центар вклучително и маркетите.

ccc

Заменик амбасадорот на Република Турција  – Синан Ертау во обраќањето на прес конференцијата ја истакна важноста на Рамстор во секојдневниот живот и дека овој трговски е дел од секое семејство кое живее во Македонија. Исто така ја истакна важноста на Рамстор во развојот на македонската економија.

cdd

Денес Рамстор се простира на површина од 25.000 м2, и има просечна дневна посетеност од околу 20.000 посетители. Политика на трговскиот е да работи 365 дена во година и да понуди содржина која ги надминува границите на традиционалниот шопинг. Процесот на реновирање трееше 8 месеци, се работеше интензивно и како изведувачи се користеа домашни македонски компании. Реновирарањето на Рамстор е инвестиција од 2.5 милиони евра.

cee

Рамстор има програма за забава, едукација, музика и многу доживувања кои даваат вредност плус за посетителот. Трговскиот последната година ги помести стандардите за мол маркетингот доближувајчи го трендот на комуникација со посетителите кон светски рамки. Според изјавите на менаџментот на Рамстор, оваа јубилејна 10 годишнина, Рамстор им ја посветува на своите купувачи, како најзаслужни за достигнувањата.

cgg

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП