4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo ќе ги користи пребарувачот и рекламите на Google

Yahoo ќе ги користи пребарувачот и рекламите на Google

gy dii

Интернет гигантoт „Yahoo“ официјално објави дека потпишал договор со „Google“, преку кој ќе може да ги користи пребарувачот и рекламите на оваа компанија во своите услуги. Договорот важи до 31-ви декември 2018-та година.

Од „Yahoo“ не прецизираа кои услуги ќе ги користат од платформата на „Google“. Наместо тоа, компанијата наведува дека рекламите и пребарувачот на „Google“ ќе се достапни на избрани услуги и сајтови во околу 30 држави во светот. „Yahoo“ ќе процени кои и колку пребарувања да ги испраќа кон „Google“, затоа што нема минимален или максимален број.

Зделката не е ексклузивна, што му дава право на „Yahoo“ да продолжи да работи со „Microsoft“ и со други интернет пребарувачи. Од „Yahoo“ прецизираа дека не престанува партнерството со „Microsoft“ и пребарувачот „Bing“. Претходно оваа година двете компании ја продолжија соработката и се разби ексклузивното поврзување со „Bing“, што беше главна цел на „Yahoo“.

По повод новиот договор со „Google“, од „Microsoft“ велат дека ќе продолжат да ги извршуваат обврските од договорот и ќе служат за поголемиот дел од сообраќајот на „Yahoo“.

„За нас „Yahoo“ е вреден партнер и ќе продолжиме да го нудиме нашиот пребарувач и рекламите преку „Bing Ads““, се вели во соопштението на софтверскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП