4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТинејџер продаде апликација на ,,Yahoo” и стана милионер

Тинејџер продаде апликација на ,,Yahoo” и стана милионер

SUB-YAHOO-articleLarge

,,Yahoo” објави дека ја купува апликацијата ,,Summly” од еден британски тинејџер, која го олеснува читањето на информации од мобилен телефон.

Ник Далоизио со оваа продажба би можел да стане еден од најмладите милионери кој почнал со ништо.

Ник на 15 годишна возраст ја направи апликацијата ,,Summly” во својата куќа во Лондон, беше објавено на официјалниот блог на ,,Yahoo”.

Износот на трансакцијата сеуште не е соопштен, но како што пишува лондонскиот весник ,,Evening standard”, Ник кој сега има 17 години може да добие помеѓу 20 и 40 милиони фунти(30 до 60 милиони евра).

Тој наредната недела ќе се сретне со луѓе од ,,Yahoo” за подетално да се договорат.

Претседателката на ,,Yahoo”, Мариса Мајер, во последниве месеци реализирала повеќе врсти на мали купувања, како би одбрала таленти од ИТ –областа за подобрување на производот на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП