8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ‘Летните бебиња’ се поздрави кога ќе пораснат

‘Летните бебиња’ се поздрави кога ќе пораснат

baby-summer-382629

Децата родени налето веројатно ќе бидат повисоки и поздрави на поголема возраст, отколку оние кои се родени во постудените месеци, се истакнува во студијата на научниците од универзитетот Кембриџ, објавена во списанието Heliyon.

За жените, судејќи според сé, има уште повеќе придобивка, бидејќи со студијата е откриено дека девојченцата родени налето го добиваат првиот менструален циклус подоцна од девојченцата родени во другите годишни времиња, што е индикатор за женското здравје во подоцнежна возраст.

Научниците ги проучувале податоците за 450.000 луѓе од британската база на податоци и откриле врска меѓу здравствените маркери и годишното време на раѓањето, но не и што е причината за тоа. Се претпоставува дека почестата изложеност на Сонцето, а со тоа и на витаминот Д, во второто тримесечје од бременоста може да главната причина за ова.

Претходни студии ја открија врската меѓу годишното време на раѓањето и некои заболувања, но оваа е првата во којашто научниците посебно обратиле внимание на породилната тежина, височината на подоцнежна возраст и влегувањето во пубертет.

„Периодот на зачнувањето и раѓањето се случајни. Не зависат од социјалниот статус, здравјето или возраста на родителите, и затоа проучувањето на некои примероци поврзани со месецот на раѓањето се силен индикатор за влијанието на околината врз детето пред доаѓањето на свет“, вели водечкиот автор на студијата, Џон Пери.

Научниците не само што откриле дека летните бебиња имале поголема тежина при породувањето, биле повисоки кога ќе пораснат и во случај на жените, подоцна влегувале во пубертет, а овој тренд е обртен кај децата родени во зима. Тие при породувањето биле полесни, на поголема возраст биле пониски, а девојченцата ја добиле првата менструација порано.

Истите врски се откриени и при изложеноста на бројот на сончевите часови во второто тримесечје од бременоста, но и е и во првите три месеца од животот, што научниците ги довело до убедувањето дека главната причина за таа различност на количествата добиен витамин Д „in utero“. За потврда на оваа теза, сепак, ќе бидат потребни дополнителни истражувања, велат британските научници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП