9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwarovski го намалува бројот на работници во своето седиште

Swarovski го намалува бројот на работници во своето седиште

svarovski

Австрискиот концерн „Swarovski“ го намалува бројот на вработените во своето седиште во австрискиот град Ватенс.

Околу 200 работници ќе бидат отпуштени во Ватенс „поради намалување на обемот на работа и поради притисокот на трошоците“, се наведува во соопштението.

Истовремено, компанијата соопштува дека во областа на кристали оваа компанија оваа година бележи двоцифрен раст на прометот.

Погодените работници се информирани за „прилагодувањето“ во текот на вчерашниот ден, а мерките се усогласени со синдикатите.

Истовремено „Swarovski“ подвлече дека е приврзан со Ватенс како седиште и го смета за „најважното место за производство, како и за центар за иновации“.

Во наредните три години, како што соопштија, планирани се повеќе од 90 милиони евра инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП