Германската агенција за надгледување на сообраќајот со моторни возила (KBA) ќе го принуди „Volkswagen“ од сообраќај во таа земја да повлече 2,4 милиони возила откако најголемиот европски производител на автомобили призна дека мамел на тестовите околу количеството на издувни гасови кај дизел возилата.
„Наредивме повлекување на возилата“, рече портпаролот на службата за надзор на сообраќајот со моторни возила во четврток, потврдувајќи ги така новинските написи.
Германскиот весник Bild претходно објави дека KBA го одбила предлогот на „Volkswagen“ според кој сопствениците на дизел возилата сами ќе го донесат автомобилот и да побараат поправка.
„Volkswagen“ минатиот месец призна дека во дизел возилата вградил софтвер за да ги измами американските надзорни служби во врска со вистинското количеството на штетни материи од издувите кај дизел возилата. Со тоа, како што е објавено, се зафатени речиси 11 милиони возила ширум светот.