4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСоздаден е најлесниот метал во светот (видео)

Создаден е најлесниот метал во светот (видео)

metal 300

Од „HRL Laboratories“, сопственост на „Boeing“, објавија дека го создале најлесниот метал во светот.

Тој содржи 99,99% воздух и е околу 100 пати полесен од стиропор. Останатите 0.01% се шупливи цевки со дијаметар од 100 микрометри, чии ѕидови се дебели само 100 nm. Пронајдокот е исклучително важен, како за „Boeing“, така и за авионската индустрија.

3D printed piece on hand

Како што знаеме главниот трошок на авионите денес е горивото. Во случај новиот материјал да биде имплементиран во идните авиони, тоа би значело дека драстично ќе бидат намалени трошоците што би довело и до евентуален пад на цените на билетите.

Од „HRL laboratories“ исто така работат и за „General Motors“, што значи дека металот можеби во иднина ќе биде имплементиран и во автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП