18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРено сака да го откупи брендот „Москвич“

Рено сака да го откупи брендот „Москвич“

Automobile-sovietice-Moskvich-2141

Францускиот производител на автомобили Рено поднесе барање да го преземе брендот „Москвич“, со цел да го оживее производството на легендарниот автомобил од советската ера.

„Поднесовме барање до „Роспатент“, руска агенција надлежна за интелектуална сопственост“, изјави неименуван портпарол на Рено, не изнесувајќи други детали.

Фабриката за автомобили во Москва, основана во 1930-та година почна да го произведува познатиот „Москвич 400“ во 1947-ма година.

Оваа фабрика подоцна стана еден од најголемите производители на автомобили во Советскиот сојуз со четири милиони „Москвичи“ произведени кон крајот на 80-сетите години.

По распадот на Советскиот сојуз, фабриката во 2001-ва година престана со производство, во 2006-та година прогласи стечај, а година дена подоцна и ликвидација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП