6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов сопственик доби доменот „abcdefghijklmnopqrstuvwxyz.com“

Нов сопственик доби доменот „abcdefghijklmnopqrstuvwxyz.com“

alfa google 3303

Сега, откако „Google“ е веќе „Alphabet“, очигледно од компанијата имале потреба да додадат неколку нови домени кон своето портфолио.

Најголемиот интернет пребарувач во светот го купи доменот „abcdefghijklmnopqrstuvwxyz.com“.

Доменот со дваесет и шест букви е во прилог на доменот „ABC.xyz“, кој од „Google“ го претставија во август.

Доменот со азбуката е регистриран во 1999-та година и досега беше во приватни раце. Не станува познато колку платиле од „Google“ на стариот сопственик, за да се откаже од него.

Во моментов сајтот „abcdefghijklmnopqrstuvwxyz.com“ не е активен. Според пазарни набљудувачи купувањето на овој домен е со заштитен карактер, за да се избегне тој да стане сопственост на конкуренти, како „Facebook“ или „Apple“.

„Сфатив дека ни недостасуваат некои букви од азбуката кај доменот „abc.xyz“ и затоа го поправивме тоа“, коментира портпаролот на компанијата за изданието „Business Insider“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП