20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Дизелгејт“ може да го чини Volkswagen до 78 милијарди евра

„Дизелгејт“ може да го чини Volkswagen до 78 милијарди евра

vw kais 5

До 78 милијарди евра може да ја чини „Volkswagen Group“ скандалот со дизел моторите, покажуваат пресметките на швајцарската банка „Credit Suisse“, соопштува „CNN“.

Таквиот развој на работите би бил најлошото сценарио, прецизира весникот. Но сепак од германскиот концерн најавија дека планираат да потрошат околу 6,5 милијарди евра за да се справат со проблемот, кој се наоѓа во речиси 11 милиони автомобили од брендовите „VW“, „Audi“, „Skoda“ и „Seat“, опремени со дизел агрегатите EA189 – 1.2 TDI, 1.6 TDI и 2.0 TDI.

Проблемот се зголемува од фактот дека постојат илјадници нови автомобили со овој „Евро 5“ агрегат, кои се блокирани кај дилерите и нема како да бидат продадени.

Ќе треба да се платат казни и да се обезбедат колективните побарувања од клиентите, а освен тоа концернот ќе мора да најде решение за оптимизирање на моторот, кое ќе ги задоволи сопствениците на вакви автомобили. Можно е и многу од клиентите на германската компанија да се насочат кон други марки на автомобили, прогнозира весникот.

Во најдобар случај „Volkswagen Group“ ќе треба да потроши 23 милијарди евра, или околу 3,5 пати повисока сума од предвидената, пресметуваат од „Credit Suisse“. Ако сепак се случи најлошото сценарио, тогаш потребната сума за справувањето со проблемот ќе биде околу 7 пати повисока од нето добивката на концернот за минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП