26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБуфон го нема меѓу номинираните за „Златна топка“

Буфон го нема меѓу номинираните за „Златна топка“

bufon 00

Италијанскиот весник „La Gazzetta dello Sport“ и шпанскиот „Mundo Deportivo“ го објавија сеуште неофицијалниот список на фудбалери кои влегуваат во конкуренција за престижната „Златна топка“.

Списокот во двата весника е идентичен, на него има 59 фудбалери, а она што е забележливо е дека меѓу оние кои конкурираат за престижната награда го нема Џанлуиџи Буфон голманот на Јувентус, а нејасно е според кој кои критериуми на неа се најде колумбискиот голман Давид Оспина.

„Не ги разбирам критериумите на ФИФА, целиот свет знае како Буфон бранеше во 2015 година“, рекол поранешниот италијански селектор Марчело Липи. Буфон минатата сезона освои две титули во Италија со Јувентус и играше во финалето во Лигата на шампионите.

Инаку Џиџи Буфон, во 2006 година кога Италија стана светски шампион, во изборот за „Златна топка“ беше втор. Интересно единствен голман кој досега ја има добиено оваа престижна награда е Лав Јашин во далечната 1963 година.

За потсетување, комисијата на ФИФА прави листа од 50-тина фудбалери, а потоа стручна комисија на чело со Пеле, Бекенбауер и слични легенди на светскиот фудбал го скрати тој попис на 23 имиња. Потоа селекторите и капитените на националните тимови, како и новинарите го бираат победникот.

Најмногу играчи на поширокиот список има европскиот првак Барселона (седум), додека Европа има 28, а Јужна Америка 22 фудбалери.

Листата на номинирани фудбалери:

Аргентина: Агуеро (Ман.Сити), Маскерано, (Барселона), Меси (Барселона), Отаменди (Ман.Сити), Пасторе (ПСЖ), Тевез (Јувентус/Бока Ј.)

Австралија: Луонго (КПР)

Австрија: Алаба (Баерн Минхен)

Белгија: Куртоа (Челзи), Азар (Челзи), Де Бруин (Волфсбург/Ман.Сити)

Бразил: Кутињо (Ливерпул), Нејмар (Барселона), Вилијан (Челзи)

Чиле: Браво (Барселона), Алексис Санчез (Арсенал), Варгас (КПР/Хофенхајм), Видал (Јувентус/Баерн Минхен)

Англија: Кејн (Тотенхем), Руни (Манчестер Јунајтед)

Франција: Бензема (Реал), Гризман (Атлетико Мадрид), Лаказет (Лион), Погба (Јувентус)

Гана: Атсу (Евертон/Бронмут), Андре Ају (Марсеј/Свонси)

Хрватска: Модриќ (Реал), Ракитиќ (Барселона)

Италија: Кјелини (Јувцентус), Пирло (Јувентус/Њујорк)

Јапонија: Оказаки (Лестер)

Јужна Кореја: Сон (Баер Леверкузен/Тотенхем)

Колумбија: Бака (Севилја/Милан), Мартинез (Порто/Атлетико), Оспина (Арсенал), Родригез (Реал)

Мексико: Дос Сантос (Виљареал/АЛ Галакси), Гуардадо (ПСВ Ајндховен)

Холандија: Депај (ПСВ/Ман. Јунајтед), Робен (Баерн Минхен)

Германија: Крос (Реал), Милер (Баерн Минхен), Нојер (Баерн Минхен)

Брегот на Слоновата коска: Бони (Свонси/Ман.Сити), Јаја Туре (Ман.Сити)

Перу: Паоло Гереро (Коринтијанс/Фламенго)

Полска: Левандовски (Баерн Минхен)

Португалија: Кристијано Роналдо (Реал)

Шпанија: Диего Коста (Челзи), Де Геа (Ман.Јунајтед), Иниеста (Барселона), Рамос (Реал), Мората (Јувентус)

Шведска: Ибрахимовиќ (ПСЖ)

Уругвај: Кавани (ПСЖ), Санчез (Ривер Плејт), Луис Суарез (Барселона)

Велс: Бејл (Реал).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП