19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов заем за Toshiba од 3,3 милијарди долари

Нов заем за Toshiba од 3,3 милијарди долари

tos 33

„Toshiba“ доби банкарски заем во вредност од 400 милијарди јени (3,3 милијарди долари) во позадина од несигурноста околу евентуалните трошоци по сметководствениот скандал кој веќе доведе до намалувања од над 1,3 милијарди долари од профитот, соопштува „Bloomberg“.

Договорот е со рок од две години и ги зголемува сите кредити на компанијата до 762 милијарди јени (6,3 милијарди долари), соопшти компанијата. „Toshiba“ не откри какви ќе се трошоците за новата кредитна линија, но појасни дека таа ќе додаде ликвидност кон паричните резерви.

Околу 6 милијарди долари од пазарната капитализација на „Toshiba“ е избришана откако компанијата ги повлече прогнозите за добивка во мај и најави истрага за сметководството, кое подоцна беше продолжено. Берзата во Токио ја казни компанијата со 91 милијарди јени поради сметководствените проблеми кои регулаторите се уште ги испитуваат.

„„Toshiba“ мора да помине низ некое реструктуирање и најверојатно ќе скрати работни места. Во моментов нема непосредна финансиска несигурност за компанијата. Кредитната линија е повеќе за среднорочни и долгорочни грижи“, изјави Хидеки Јасуда, аналитичар во „Ace Research Institute“ во Токио.

Претседателот Масаши Муромаки вети дека ќе оствари „смело реструктуирање“ на одделенијата за производство на чипови и за начинот на живот, откако компанијата објави годишна загуба и рекалкулирање на профитот за над 6 години.

Веројатноста за дополнителни трошоци поврзани со парични казни и тужби од инвеститорите, заедно со фактот дека акциите на „Toshiba“ се со степен „on alert“ на берзата во Токио може да направи потешко собирање на пари од страна на компанијата.

„Sumitomo Mitsui Banking Corp.“, „Mizuho Bank“ и „Sumitomo Mitsui Trust Bank“ се банките кои го обезбедуваат сегашниот кредит, изјави портпаролот на „Toshiba“, Мидори Хара.

Откако го призна надуениот профит, „Toshiba“ ја намали нето добивката за вкупно 155,2 милијарди јени за периодот меѓу март 2009-та и март 2014-та година и за првите три квартали од 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП