8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHttpool партнерство со LinkedIn во 17 земји од Централна и Источна Европа

Httpool партнерство со LinkedIn во 17 земји од Централна и Источна Европа

linked in httpool

„Httpool“ го објавува ексклузивното продажно партнерство со „LinkedIn“ во 17 земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Грција, Унгарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Македонија, Романија, Србија, Албанија, Украина, Латвија, Естонија и Литванија.

Маркетиншките  и медиумските агенции сега се во можност да се вклучат со тимовите на „Httpool“ на овие пазари и да почнат рекламирање на „LinkedIn“.

„LinkedIn“ е најголемата професионална мрежа на интернет, со повеќе од 384 милиони корисници ширум светот во повеќе од 200 земји и територии со постојан раст на бројот на корисници во Централна и Источна Европа. Како за пример, „LinkedIn“ има повеќе од 5 милиони корисници во Русија. Платформата е достапна на 24 јазици вклучувајќи чешки, романски и руски јазик.

„Сакавме да ги прошириме нашите услуги за рекламните агенции во регионот, така што тие ќе можат да ја искористат широката мрежа на професионалци низ пазарите во ЦИЕ. Го избравме „Httpool“ како наш ексклузивен партнер поради силното географско присуство на сите овие пазари и важните референци на компанијата“, изјави Фредрик Бернсел, директор на продажба во „ЕМЕА“.

„Ние сме возбудени поради можноста да работиме со „LinkedIn“, бидејќи истиот совршено се вклопува во портфолиото на производи на „Httpool“. Всушност, рекламните производи на „LinkedIn“ ќе им овозможат на компаниите во регионот можност за раст на нивните бизниси, користејќи ја ексклузивната мрежа на врвни професионалци, напредни опции за таргетирање и формати за рекламирање“, објасни основачот и извршен директор на „Httpool“, Аљоша Јенко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП