5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОНЕ награден во Ровињ за најдобра комуникација на Инстаграм

ОНЕ награден во Ровињ за најдобра комуникација на Инстаграм

one rovinj

Македонскиот оператор ОНЕ освои награда во категоријата “SoMustHave” за најдобра комуникација на Инстаграм и блог на најголемиот регионален маркетинг и медиа настан “Weekend Media Festival” кој викендов се одржа во Ровињ.

Стручно жири составено од 20 регионални експерти за дигитална комуникација му ја додели на ОНЕ престижната “SoMo Borac” статуетка за проектот #ФотоНаНеделата, кој повеќе од 8 месеци е актуелен на социјалните мрежи во Македонија.

ОНЕ ја доби оваа награда во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион.

“SoMo Borac за најдобра комуникација на Инстаграм доаѓа после седумте признанија за ОНЕ на најголемата платформа за FaceBook аналитика, Socialbakers, за социјално посветена компанија на FaceBook. Таа е само уште една потврда за нашата посветеност и континуирана работа на компанијата на социјалните медиуми со своите корисници и фанови. Освен на компанијата и луѓето во тимот, оваа награда е и на целата македонска Инстаграм заедница, која активно учествува во сите Инстаграм кампањи на ОНЕ. ОНЕ е прва и единствена компанија од Македонија која освоила “SoMo Borac” награда за комуникација на социјални медиуми, но се надевам дека во иднина ќе има многу повеќе вакви награди за компании од Македонија,” изјави Виктор Доневски, Главен Маркетинг Директор на ОНЕ.

Проектот #ФотоНаНеделата на ОНЕ и ЏаБест започна во средината на февруари годинава и до сега успеа да привлече повеќе од  1.500 пасионирани инстаграмџии кои на своите профили постираа над 15 илјади фотографии. Основната идеја на оваа кампања е промоција на инстаграм фото уметноста и, секако, македонските инстаграмџии, чии интервјуа редовно се објавуваат на блогот на ЏаБест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП