27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing си обезбеди мега-зделка од Кина

Boeing си обезбеди мега-зделка од Кина

bojing 30

Американскиот производител на авиони „Boeing“ доби нарачки од три кинески компании за производство на вкупно 300 авиони. Нарачките беа објавени од кинескиот претседател Си Џинпин, кој во моментов е во официјална посета на САД, пренесува државната кинеска агенција „Xinhua“.

Леталата ќе бидат порачани од „China Aviation Supplies Holding“, лизинг одделот на „Industrial & Commercial Bank of China“ и од „China Development Bank“.

Договорите се веќе потпишани во вторникот во пресрет на посетата на претседателот. „Xinhua“ не прецизира за какви модели авиони точно станува збор.

Според агенцијата, сепак договорите за испорака се поврзани и со изградба на развоен центар, кој ќе биде прв од ваков вид надвор од САД. Европскиот конкурент „Airbus Group SE“ веќе има слична фабрика во Тијанџин, во близина на Пекинг.

Двата производители се натпреваруваат во привлекување на повеќе договори од оваа земја, која за две децении се очекува да стане најголем авиопазар во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП