2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAudi А3 слави 20-годишен јубилеј, продадени над 3,5 милиони возила

Audi А3 слави 20-годишен јубилеј, продадени над 3,5 милиони возила

trojkica

Германската фабрика за автомобили Audi прославува две децении откако на пазарот се појави првиот Audi А3, а компанијата досега има произведено повеќе од 3,5 милиони примероци од овој модел.

Денес секој петти продаден Audi автомобил е A3, а моделот продолжува да биде револуционерен кога станува збор за алтернативните системи за возење.

„Две децении од создавањето на Audi A3 воедно значат и дваесет години триумф во класата на компактни автомобили. Зад производството на овој модел стои високо стручен производен тим без кој оваа успешна приказна немаше да биде достижна“, изјави Хјуберт Валтл, член на одборот за производство на Audi.

Питер Мош, претседателот на работниот совет, смета дека токму производството на овој модел им помогнало да ангажираат и да задржат на работа голем број на вработени.

„Среќни сме што толку важни автомобили се креирааат тука во Инголштат. Зголемениот обем на работа, а со тоа и бројот на вработени покажува дека сме на вистинскиот пат“, изјави Мош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП