6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTexas Instruments ја зголемува дивидендата

Texas Instruments ја зголемува дивидендата

ti_omap_5_1

Американскиот технолошки концерн „Texas Instruments“ ќе ги израдува своите акционери. Компанијата со седиште во Далас компанија ќе вложи 7,5 милијарди долари во нова програма за откуп на акции, пренесува „Ројтерс“.

Освен тоа дивидендата ќе биде зголеменa за 12% до 38 центи за акција, соопшти компанијата по крајот на берзанското тргување во четвртокот. Новата програма за откуп на акции ја дополнува сегашната, која уште не е завршена и има уште 1,8 милијарди долари.

Од 2005-та година преку слични акции производителот на чипови го има намалено за околу 40% обемот на тргуваните акции.

Во јули компанијата ги зголеми малку прогнозите за третиот квартал, бидејќи продолжува да ги истражува потешкотиите поради слабата побарувачка на својата комуникациска опрема.

„TI“, која сега прави чипови за различни сфери од мобилни телефони до индустриска опрема, се оддалечува постепено од нумеричките чипови, со цел да се фокусира на аналогните, кои често се продаваат по пониски цени, но можат да се произведуваат со постара техника при повисоки маржи. Аналогните чипови на „Texas Instruments“ претставуваат полупроводници кои го конвертираат звукот, допирот и другите во електронски сигнали. Чиповите наоѓаат широка примена – од проектили до медицинска опрема.

Главниот извршен директор Рич Темпелтон се стреми да го прошири пазарниот удел на компанијата на пазарот на аналогни полупроводници. Во 2013-та година нејзиниот удел беше 15% според „IHS Technology“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП