4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе е празна приказна: Еве како само една чаша вода може да...

Не е празна приказна: Еве како само една чаша вода може да ви го спаси животот

94663_profimedia0169843079-led_630x0

Лекарите советуваат секое утро, пред сите вообичаени активности, да испиете една чаша вода на собна температура.

Пиењето на вода наутро, на празен желудник, има бројни здравствени предности, бидејќи на тој начин се формираат нови крвни клетки, но истовремено се подобрува и одржувањето на телесната тежина и слабеењето.

Докторите потенцираат дека е исклучително важно за да се стекне ваквата навика, бидејќи таа може да го унапреди нашето здравје.

Kога се будиме од сон, организмот мирува, а енергетските материи минимално се трошат и тоа главно со функцијата на дишење. Тогаш се трошат и повеќе течности, а крвта станува погуста. Кога ќе се разбудиме, циркулацијата започнува да работи, а крвта тогаш содржи повеќе маснотии од вообичаено. Ова е и главна причина поради која што токму во утринските часови доаѓа до кардиоваскуларни случувања и инфаркти, објаснуваат докторите.

63113_shutterstock-188074091_630x0

За да се намали оваа опасност, важно е наутро, на празен желудник, да испиете една чаша обична вода.

На тој начин го одржуваме балансот на течности во организмот, а во текот на денот секако би требало да внесеме два литра течности, што може да биде вода, чај или свежо исцеден сок.

Доколку на вашиот желудник му годи, во првата утринска вода може да додадете и мала лажичка мед или неколку капки лимон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП