10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКризата одекна и кај швајцарски гигант

Кризата одекна и кај швајцарски гигант

glenkor 333

Швајцарскиот рударски гигант „Гленкор“, кој е погоден од колапсот на цената на суровини, со продажба на акции собра 2,5 милијарди долари, како дел од планот за намалување на долгот.

Во соопштението на компанијата, чии акции котираат на Лондонската берза, се наведува дека тие продале акции вредни 1,6 милијарди фунти или 2,2 милијарди евра, а причината за тоа е за намалување на нивото на долгото.

„Гленкор“, која од почетокот на оваа година загуби 57 отсто од пазарната вредност, погодена е од намалената цена на суровините, затоа што економското забавување на кинеската економија ја загрозува побарувачката и предизвикува хаос на глобалниот пазар.

По објавувањето на најновите вести, акциите на „Гленкор“ на Лондонската берза пораснаа за 2,77 oтсто или на 131,60 пени во рамките на индексот „FTSE 100“.

Забавувањето на кинеската економија, која е најголем светски потрошувач на сировини, одекна ширум светот, при што најголемите производители на сировини, како Бразил и Канада, паднаа во рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП