10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro и Alibaba станаа стратешки партнери

Metro и Alibaba станаа стратешки партнери

metro alibaba 9393

Германската малопродажна компанија „Metro“ склучи договор за стратешко партнерство со кинескиот гигант за интернет трговија „Alibabа“, кој ќе и овозможи присуство на кинескиот пазар.

По склучувањето на договорот, германската компанија ќе отвори своја продавница на платформата на „Alibabа“, „Tmall Global“, преку која на кинеските потрошувачи ќе им понуди голем асортиман на германски производи од трговската марка на „Metro“, но и брендови на германските добавувачи, соопшти компанијата „Metro“.

Најновата иновативна платформа ќе и озвоможи на компанијата „Metro“ на кинеските клиенти да им испорача квалитетна стока од германските брендови, како и стока од увоз, се додава во соопштението.

Партнерството ќе опфаќа и соработка во областа на прекуграничната електронска трговија, логистика, електронска трговија во руралните области и супермаркетите на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП