3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA ги зголеми годишните приходи на рекордни 31,9 милијарди евра

IKEA ги зголеми годишните приходи на рекордни 31,9 милијарди евра

ikea-store

Најголемиот синџир на продавници за мебел на светот IKEA објави во четвртокот дека приходите во изминатата фискална година се зголемиле за 11 отсто, на рекордни 31,9 милијарди евра.

По две години анемичен раст по стапка од околу три отсто, шведската компанија се приближи до зацртаната цел, според која би требало до 2020 година да ги удвои приходите во однос на нивото од 2011 година, на 50 милијарди евра.

Најсилен раст во фискалната година која заврши во август, IKEA остварила во Кина и Русија, додека во Германија забележа највисока стапка на раст откако е влезена на овој пазар. Добар резултат остварен е и на пазарот во Северна Америка додека во јужна Европа забележан е напредок.

„Растеме на речиси сите наши пазари и задоволни сме од минатогодишното движење на продажбата“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП