10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуперт Мурдок ќе управува со производите на National Geographic

Руперт Мурдок ќе управува со производите на National Geographic

Immigration Economy

Магнатот Руперт Мурдок создаде компанија за управување на медиумските производи на американското „Национално географско општество“ во зделка за 725 милиони долари, објави „Њујорк тајмс“.

Основана во 1888-та година Општеството за истражување и компанијата „21st Century Fox“ регистрираат заедничко компанија „National Geographic Partners“, што ќе управува со светски познатото списание „National Geographic“ и други печатени публикации, телевизиските канали, студиа, дигитални медиуми, издавање на картички, детски медиуми и друго.

Во компанијата која ги презема овие средства, 73% удел ќе има „21 Century Fox“, а останатите 27% се на „Националното географска општество“ на САД, чиј извршен директор Хари Нел станува претседател на одборот на „National Geographic Partners“. Извршен директор ќе биде Деклан Мур, кој е со 20-годишна кариера во „Националното географско општество“. Сузан Голдберг ја задржува функцијата на главен уредник на списанието. Двата акционери ќе имаат рамноправно претставување во одборот и еднаков удел во управувањето.

„Националното географско општество“ продолжува да работи како непрофитна организација, поддржана од средствата на „21 Century Fox“, кои ќе ги интензивираат инвестициите во науката и истражувањето.

Зделката покрена прашања за врската помеѓу научната институција и комерцијалната компанија на Руперт Мурдок, кој јавно изјавувал дека се однесува скептично кон тврдењата за вештачки климатски промени и дека многумина експерти раскажуваат по конференциите „бескрајни измислици“.

Во одговор Хари Нел истакнува дека веќе 18 години има партнерство меѓу „21 Century Fox“ и „National Geographic Channels“ и цело тоа време немало „никаков вид политичка или уредувачката интервенција“ од луѓето на Мардок. Каналите на „National Geographic“ достигнуваат речиси 500 милиони гледачи во над 170 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП