6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook акција на Пекабеско: секој твој лајк помага!

Facebook акција на Пекабеско: секој твој лајк помага!

cvv

Денеска Пекабеско започна со нова Facebook акција насловена „Секој твој лајк помага“.

За секој нов лајк на страната на Пекабеско (https://www.facebook.com/Pekabesko)  на оваа социјална мрежа, компанијата ќе одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Во моментов, оваа страна брои 41 илјада лајкови, а акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на Пекабеско.

Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини,  како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.

Како што информираат од компанијата, набргу во оваа акција ќе бидат вклучени и Twitter (https://twitter.com/PekabeskoAD)  и Instagram (https://instagram.com/pekabesko) заедницата, каде Пекабеско има активни профили и страни.

Да помогнеме заедно со лајк на оваа страна: https://www.facebook.com/Pekabesko

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП